По повод Детската недела, подароци за дечињата од градинката

По повод Детската недела, локалната самоуправа  Василево ги израдува со подароци дечињата од градинката „Прва радост“ од Василево.

„Заради актуелната ситуација со пандемијата предизвикана од Корона вирусот, COVID-19, годинава изостана организирањето на свечени настани на кои на посебен начин се одбележуваше Неделата на детето, но не и нашата грижа за нив и обврската да ствараме оптимални услови за нивниот раст, развој, воспитување и образивание“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој  и годинава ги израдува најмалите со соодветни подароци.

На почетокот на учебната година, за среќен почеток,  подароци од општината добија и првачињата.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail