Првачињата ќе се запишуваат во јуни

„Според Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за  време на вонредна состојба, уписот на учениците во прво одделение за учебната 2020/2021 година, ќе се реализира во месец  јуни“, известуваат од ООУ „Гоце Делчев“, Василево.
За упис потребни се се следниве документи:
– извод од матична квига на родени (за детето);
– потврда за примени вакцини ( од ЈЗУ Здравен дом, Струмица, одделение за вакцина);
– лична карта за идентификација на родителот;
– потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежната здравствена установа;
Уписот ќе се врши за деца родени од 01.01.2014 до 31.12.2014 година родени до 31.01.2015 година по барање на родител и мислење на стручната служба.
Подетални информации родителите можат да добијат на телефонските броеви: 071 392 – 840 (директор) и 078 347 -684 (психолог).

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail