Премиерот Христијан Мицкоски, викендов ја посети општина Василево

Викендов, премиерот Христијан Мицкоски ја посети општина Василево и изврши увид во реализацијата на градежни активности на проектот ,,Фекална канализација во Василево “кој се гради со средства од Унгарскиот кредит.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во улога на домаќин, во изјавата за медиумите ги сподели деталите за ова  како што рече „триесет годишно барање на жителите“. „Овој проект е во вредност од околу 28 000 000 денари, должината на канализацијата е околу 4 километри и истиот е триесетгодишно барање на жителите на Василево. Во таа насока да се заблагодарам на премиерот и министрите за реализацијата на проектот со кој што директно ги подобруваме условите за живот на граѓаните во Василево. Посебно сум горд што проектот се реализира во текот на мојот мандат но исто така треба да бидат горди граѓаните на Македонија, жителите на Василево,  бидејќи имаме Претседател на влада кој што држи до дадениот збор. Заедно во изборната кампања го ветивме проектот и ете денес сите можеме да бидеме сведоци дека реализацијата на проектот станува реалност. Прелевањето на септичките јами и загадувањето на животната средина станува минато“.  Градоначалникот Андонов ја сподели и информацијата за следните проекти со кои општина Василево има аплицирано за средства од Унгарскиот кредит: „Овде не застануваме. По вториот јавен повик што го објави Министерството за локална самоуправа аплициравме со пет проекти од кои два се за канализациони мрежи и тоа во Радичево и во Пиперево, два за асфалтирање на патишта во Пипереви и Нова Маала и еден проект за изградба на бетонски канал во Дукатино“.
Во придружба на Премиерот беше и Министерот за локана самоуправа Златко Перински.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail