Прием на најдобрите деветоооделенци кај градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, вчера во својот кабинет ги прими деветооделенците од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, кои постигнале најдобри резултати и со своите успеси ги афирмирале своите училишта и општината.
„Признание и парична награда за првенците на генерација од општинските основни училишта во Василево. Утрово имав средба со учениците од општинските основни училишта од општина Василево кои се избрани за ученик на генерацијата 2015/2024 и истакнати ученици во одредени области. Прогласени ученици на генерација и истакнати во одредени области се:
Теа Ангелова – ООУ Гоце Делчев-ученик на генерацијата;
Данче Василевска – ООУ Гоце Делчев;
Панче Јованов – ООУ Гоце Делчев;
Мерем Мемедова – ООУ Атанас Нивичански;
Марија Чакалова – ООУ Атанас Нивичански;
Идрис Дураков – ООУ Атанас Нивичански.
Наша должност е да го почитуваме и наградуваме успехот на најдобрите ученици, а со тоа да бидеме мотивација за сите останати. Им честитам на учениците за постигнатиот успех и посакувам да продолжат да бидат успешни средношколци, а потоа и студенти“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,градоначалникот Андонов, упатувајќи им честитки за постигнатите резултати и желби за понатамошни успеси.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail