Признание од ОК Сушево за градоначалникот Андонов

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов од ОК Сушево од Сушево доби плакета за посебни заслуги за развојот на одбојката и вложувањата и поддршката на овој одбојкарски клуб кој се натпреварува во Првата македонска одбојкарска лига.
Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, изразувајќи благодарност до како што ги нарече, „амбасадори и репрезенти на најдоброто од општина Василево,  ОК Сушево, изрази уверување дека допрва ќе се радуваме на нивните резултати.
„Од сите признанија оваа ми е најдраго. Благодарам ОК Сушево Добиеното признание е доказ дека го вреднувавте мојот труд, прво за враќање на ОК Сушево во Првата одбојкарска лига, а потоа и за тековно функционирање на клубот. Ова беше мое предизборно ветување кое и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа општина Василево, успеав да го реализрам. Тие се нашите амбасадори, репрезенти на најдоброто од општина Василево, нашата гордост, традиција и расадник на таленти со кои особено се гордееме и како општина и граѓани на општина Василево, допрва ќе се радуваме на нивните резултати и победи.  Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за Вас. И да, ќе одиме на врвот – таму каде што припаѓаме“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Општина Василево преку Советот на општина Василево во континуитет финансиски го поддржува функционирањето на ОК Сушево од Сушево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail