Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево

Под покровителство на општина Василево, во населеното место Пиперево, на 12.07.2023 година, Петровден  и годинава ќе се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче. Турнирот е во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од ова населено место.

Во тек е пријавувањето кое ќе трае до 11-ти јули, 2023 година, кога ќе биде спроведено и ждребањето на екипите.

Според Организаторот, право на учество имаат екипи од струмичкиот регион. Котизацијата изнесува 4 000 денари. На турнирот освен за најдобрите екипи, награди ќе бидат доделени и за најдобар играч, најдобар голман и најуспешен стрелец. Турнирот ќе се одржи на игралиштето во центарот на село Пиперево.

За следење на сите информации поврзани со овој турнир, отворена е и посебна и ФБ страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100093093207365

За дополнителни информации и пријавување учество, заинтересираните треба да го  контактираат организаторот на следниве телефонски броеви: 078 423 181 и 078 858 269.

Memorijalen turnir Ckrce_1024x674

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail