Екипата на Цоневи Миа е победник на турнирот во мал фудбал Ч’крче -2024 кој се одржа во населеното место Пиперво а во чест и спомен на младиот Славе Стојанов од ова населено место.
Цоневи Миа во финалето ја совладаа екипата на Вики маркет, а на третото место се пласираше ФК Дрвош, кои во малото финале ја совладаа екипата на Пд Томови.
Наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, јавно вети поддршка за овој турнир и во наредниот период.
„Заврши турнирот во мал фудбал Ч`крче во Пиперево, кој е традиционален и се одржува во чест и спомен на младиот Славе Стојанов. Покровител на истиот е општина Василево. Општина Василево и понатаму ќе го подржува овој турнир“.
Одржувањето на овој турнир, кој е традиционален и е под покровителство на општина Василево е планиран и со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во општина Василево за 2024 година, согласно која се одобрени и финасиски средства за негова организација.





