Пролетно уредување на селските патишта

Општина Василево продолжува со активности на пролетно уредување на селските патишта,  нивно рамнење и тампонирање, неопходни активности за подобрување на нивната состопјба после зимскиот период и пролетните врнежи. Последни вакви активности реализирани се во населените места Радичево и Висока Маала.
„Израмнет и тампониран дворот на манастирот Св.Ѓорги во Радичево. Тампонирана улица во Радичево.Тампонирана улица во Висока Маала“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов за последните активности во делот на подобрување на локалната патна инфраструктура во општината.
Во изминатиот период активности од овој тип беа реализирани уште во неколку населени места, односно тампонирани беа дел од полските патишта во Градшорци, Пиперево, во Василево во месноста трски, а во населеното место Чанаклија, општината целосно ја санираше главната улица.
Овие активности општината ги реализира во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail