По повод 23-годишнината од конституирањето на Советот на општина Василево и оснивањето на ЕЛС Василево, во понеделник, 16.12.2019 Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.
Свои обраќања на седницата ќе имаат претседателот на Советот на општина Василево Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.
Седницата ќе започне во 11,00 часот, а ќе се одржи во ресторанот Ројал парк, Струмица.





