Се градат бекатонски патеки во дворот на училиштето во Владевци

Во дворот на ПУ „Гоце Делчев“ во населеното место Владевци, тековно се спроведуваат активности на негово уредување, односно во изградба се две патеки кои водат од улицата до училишните влезови  „Се користи периодот на зимскиот распуст за да се изградат патеките до двата влеза на училишната зграда. Патеките ќе бидат изградени од бекатонски плочки и со нив  не само што ќе се нормализира пристапот до училишната зграда, туку и естетски се облагородува училишниот двор“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Според информацијата од изведувачот, двете бекатонски патеки се со вкупна површина од околу 85 м2  од кои едната, соодветно на условите на терен,   со улицата е поврзана со скали.

Средствата за оваа активност се обезбедени од училиштето, а изведувач е градежната компанија Бони интерградба.

DSC_1021_1024x681

DSC_1014_1024x681 DSC_1016_1024x681

DSC_0423_1024x681 DSC_0426_1024x681 DSC_0447_1024x681

DSC_0433_1024x681

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail