Во подрачното училиште ,,Гоце Делчев” во Радичево денес започна инсталација на парно греење. Целата инсталација се очекува да биде завршена во најкраткот временски рок и се очекува да биде пуштена до почетокот на грејната сезона. За поставување на системот за греење ќе се извршат и градежни зафати во подрумските простории.



Поставувањето на парното греење ќе ги подобри условите за учениците и енергетската ефикасност на училиштето.

Општина Василево средствата ги обезбедени од донација на Филип Морис Соко Таб преку проектот е на МЦМС.