Се реновираат тоалетите во ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, го посети училиштето ООУ „Атанас Нивичански“ во с. Нова Маала, каде изврши увид во активности кои се одвиваат деновите, односно реновирање на училишните тоалети и изградба на пристапна рампа за лицата со попреченост.

„Периодот кога учениците се на распуст е најоптимален за ваквите активности бидејќи без да се попречува редовниот наставен процес, може да се одвиваат сите планирани активности“, изјави градоначалникот Андонов, задоволен од текот на активностите и очекуваните резултати кои ќе ги подобрат условите генерално за сите ученици и вработени во училиштето, а со изградбата на пристапната рампа, ќе се оптимизираат условите за лицата кои имаат потреба од ваков пристап.

Според информациите од в.д директорката на училиштето, Марија Костуранова, активностите се дел од Проектот за унапредување на основното образовцание на Министерството за образование и наука, финансиран од Светска банка. Проектот се имплементира во тесна соработка со Државниот испитен центар (ДИЦ), Бирото за развој на образование (БРО), Државниот просветен инспекторат (ДПИ) и локалните самоуправи.

Целта на проектот е подобрување на условите во основното образование.

IMG_20230710_145322_796_576x768 IMG_20230710_145341_472_576x768 IMG_20230710_145344_734_576x768 IMG_20230710_145349_307_576x768 IMG_20230710_145401_040_576x768 IMG_20230710_145405_066_576x768

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail