На иницијатива на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов а во соработка и координација со ЈПКД „Турија“, во тек е активност на комунално уредување на крајпатниот појас на потегот од влезот на село Ангелци до центарот на село Седларци.
Активноста се состои во косење и отстранување на тревата, отстранување на грмушките и останатата вегетација како и кастрење на гранките од дрвјата покрај патот.
„Поради континуираните врнежи карактеристични за изминатиот период крајпатниот појас беше обраснат со вегетација, грмушки, гранки надвиснати над коловозот…. кои во крајна линија ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Со денешната комунална активност се расчистува целиот патен правец од влезот во село Ангелци до центарот на село Седларци со што се подобруваат условите за одвивање на сообраќај и воопшто условите за живот на граѓаните од овој крај, што е и наша примарна грижа како локална самоуправа и Градоначалник“, изјави градоначалникот на општина Василево во врска со денешната комунална активност.





