Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности на чистење на отворениот канал, попознат како порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за време на врнежи и можат да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.
„Што ветивме и реализираме! Се чисти поројот во Сушево! Конкретни дела е максимата од која нема отстапки, максима која гарантира успешна реализација на започнатите активности, која гарантира видливи резултати од кои бенефит имат сите граѓани во заедницата“,напиша на цвојот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој воедно ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови. „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.
За наредниот период, во населеното место Василево, планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал во Василево, во близина на ООУ „Гоце Делчев“. За чистење на овој, како и на каналот, „порој“ во населеното место Сушево, ангажирана е компанијата Бони Интерградба, со која општина Василево, по успешно завршената Јавна набавка, има потпишано Договор за реализација на овие активности.





