На последниот ден од годината што изминува, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2021, тежок 162 882 000 денари. Ова е вкупниот Буџет во кој се вкалкулирани и Буџетите на единките корисници односно Буџетите на двете основни општински училишта: ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и детската градинка „Прва радост“, Василево. Основниот Буџет на општинат изнесува 83 420 000 денари.
Советниците од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ се изјаснија дека предложениот Буџет е нереален и неостварилив поради што ќе гласаат против. Буџетот беше донесен со 8 гласа „за“ и 4 „против“. Во врска со Буџетот Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев рече дека Буџетот за 2021 година е реален и остварлив, направен врз основа на потребите на граѓаните.
На денешната последна во оваа календарска година, седница, донесена беше и Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2021 година како и Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2021 година, а позитивен одговор доби и Барањето за финансиска помош поднесено од Црковниот одбор на црквата „Успение на пресвета Богородица“ од с. Нова Маала.





