Советот на општина Василево на денешната редовна 29-та седница, го донесе Буџетот на општина Василево за наредната 2020 година, кој тежи вкупно 175 106 000 денари, што е за околу 25 000 000 денари помалку во однос на Буџетот од 2019 година.
Овој износ се однесува на целокупниот, консолидиран Буџет, во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници (двете основни општински училишта „ Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ и детската градинка „Прва радост“), додека Основниот Буџет на општината, изнесува 87 700 000 денари. Анализирано според структурата, во приходниот дел од самофинансирачки активности планирани се 5 730 000 денари, од дотации 73 306 000 денари, од донации 2 000 000 денари и 4 370 000 денари по основ на кредити.
Што се однесува до расходниот дел, за капитални расходи планирани се 36 260 000 денари, односно околку 45% од основниот буџет.
Во контекст на овааа проблематика усвоени беа и Предлог-одлуката за извршување на Буџетот и Предлог-одлуката за утврдување на вредноста на платите на административните службеници.
Советниците ги усвоија и Предлог-Одлуката за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево, Предлог- програмата за работа на Советот на општина Василево за 2020 година, Програмата за работа на ЈПКД „Турија“ п.о Василево за 2020 година, Статутите и Финансиските планови за 2020 година на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ Васдилево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Согласност доби и Финансискиот план на детската градинка ЈОУДГ„Прва радост“, Василево.
Како дополнителен предлог на дневниот ред беше разгледана и усвоена Одлука за пренесување на правото на користење и управување со атмосферскиот канализационен систем во с. Василево од поштата до повеќенаменско игралиште на ЈПКД „Турија“, Василево.
Позитивно беше одговорено и на неколкуте барања за финансиски средства поднесени од правни и физички лица.





