Советот на општина Василево одржа вонредна седница

Денес на Вонредна седница, Советот на општина Василево донесе Одлука за измена на Одлуката за утврдување на критериумите за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2025 година. Според досегашната одлука распределбата на средствата од блок дотациите беше во износ од 69% за ООУ„ Гоце Делчев“, Василево и 31% за ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Со денес усвоената измена, средствата од блок дотациите се распределуваат подеднакво за двете основни општински училишта и истите изнесуваат по 50 %.
Во контекст на оваа  одлука беше и втората точка од дневниот ред, Предлог  одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2025 година.  Станува збор за проширување  во износ од околу 3,5 милиони денари, во програмата за основно образование.
И двете точки беа усвоени едногласно.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail