На 01.03.2019 година (петок) со почеток во 10,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 19-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Полугодишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2018/2019 година.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 1765 во КО Василево вон г.р
- Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот за улица во с. Нова Маала до резервоар.
- Предлог-спогодба за измена и дополнување на Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.
- Барање од ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за разрешување на член на Училишниот одбор и назначување на нов член на Училишниот одбор во ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала.
- Предлог-план за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2019-2021).
- Предлог-одлука за давање на времено користење без надоместок на недвижни ствари – простор на Министерството за труд и социјална политика – Скопје, Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица.
- Донесување на одлука по барање за спонзорство за организација на ловечка вечер поднесено од ЛД „Гоце Делчев“, Босилово.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства за оградување на гробишта во с. Нова маала, поднесено од претседателот на црковниот одбор во с. Нова Маала.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства за потребите на џамијата во с. Градашорци, поднесено од џамискиот одбор на с. Градашорци.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства за одбележување на 20 години јубулеј на здружението ЗЗП „Агросојуз“ Василево, поднесено од претседателот на Управен одбор на ЗЗП „Агросојуз“.
- Донесување на одлука по барање за спонзорство за организација на ловечка вечер поднесено од ЛД „Фазан“, Василево.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства за изградба на ново крштелно во храмот „Св. Наум Охридски“, с. Чанаклија.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства за технички помагала, електронски уреди на здружението „Басмак Василево“ од с. Василево.
- Донесување на одлука по барање за спонзорство за организација на ловечка вечер поднесено од ЛД „Беласица“ од Струмица.
- Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесена од Димитраќ Митев од с. Градашорци бр. 31.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





