Советот на општина Василево ја одржа редовната 26-та седница, чиј дневен ред на самата седница беше дополнет со уште шест предлози и тоа:Предлог-опдлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2023 година;
Предлог-одлука за сопствено учество на О.Василево по проект -Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2- Е-полначи за електрични возила: техничка документација; Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во О.Василево за 2023 година; Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево; Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Наби Шавлев и Предлог-одлука за утврдување финансиски средства за пречек и сместување на гости од збратимената општина Согут, Р.Турција.
По дополнувањето истиот беше едногласно усвоен.
Без дискусии и со девет гласови за Советниците ја усвоија Предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2023 година, која се однесува на Програмата V10 – Детски градинки. Со девет гласови „за“ беше усвоена и втората точка, Предлог-одлука за користење на Процената за загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево, која како што образложи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, се носи по барање на СВР Струмица и Бирото за безбедност. Со истото мнозинство усвоена беше и Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2023 година, кое како што образложи Градоначалникот е поради усогласување со Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа.
Едногласно беа усвоени Предлог-одлука за сопствено учество на О.Василево по проект -Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2- Е-полначи за електрични возила: техничка документација и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во О.Василево за 2023 година. Во првиот случај се работи за проект на ниво на Југоисточниот регион кој ќе се имплементира со Шведската агенција за меѓународна соработка и Биро за регионален развој и во чии рамки општина Василево ќе добие два е-полначи за електрични автомобили. Учеството на општина Василево во овој проект е околу 1000 американски долари. Што се однесува до Предлогот за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во О.Василево за 2023 година образложение даде градоначалникот Андонов: Целта е да се завршат Фекалните канализциони системи во Пиперево и Ангелци, како и отстранување на недостатоците на главниот колектор.
Советниците беа едногласни при донесувањето одлуки по Барањата за финансиски средства поднесени од црковните одбори на с. Радичево, с. Пиперево и за одржување на два турнири, во с. Добрашинци по повод верскиот празник Петровден и во с. Градашорци по повод Курбан Бајрам.





