Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 35-та седница, на која осумте предлози од дневниот ред го добија потребното мнозинство.
Од бласта на образованието, на дневен ред беа Програмите за работа на двете основни општински училишта, ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански „Нова Маала“, за учебната 2020/2021 година, која како што рече директорката на ООУ „Атанас Нивичански“, Соња Ничева, сеуште не знаат кога точно ќе започне, бидејќи ги очекуваат најновите насоки од надлежните институции. Усвоен беше и Извештајот за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2019/2020 година, како и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево за првото полугодие од 2020 година односно за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година.
Советот ја усвои и Предлог-одлуката за пренесување на правото на користење и управување со водоснабдителниот систем за с. Седларци на ЈПКД „Турија“, Василево. Потребното мнозинство го дибија и двете барања за финасиска поддршка од кои едното поднесено од Здружението на тутунопроизводители Басмак од Василево, а другото од група граѓани од населеното место Владевци, за финансиска помош од страна на општината во изградбата на една од улиците во ова населено место.
Советниците донесоа и една одлука од областа на урбанизнот, заради вклопување на бесправно-изграден деловен објект на к.п бр. 2350 во КО Василево.





