Советот на општина Василево ја одржа 39-та седница

Вчера Советот на општина Василево ја одржа редовната 39-та седница, на чиј дневен ред по дополнувањето беа десет предлози плус  Советнички прашања како последна, единаесетта точка.  Советниците ја усвоија  Предлог- одлуката за кофинансирање на општина Василево по проект – врз основа на вториот повик за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти во рамки на Фондот за техничка документација кој се организира како дел од втората фаза на проектот за „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ (2022-2026), финансирана од страна на Шведска и Бирото за регионален развој. Усвоен беше и Измената  и дополнувањето  на Буџетот на општина Василево за 2024 година.  Според образложението доставено од Одделението за финансии  ребалансот се должи на промените на средствата на дотациите од ДДВ и е всушност зголемување за износ од 15 000 000 денари, како и кај Буџетските корисници каде е направена пренамена во делот на детските градинки и основното образование.

Усвоени беше и Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година. Измените се во делот на одредбите за регрес за годишен одмор на вработените како и во делот на  отпремнината за пензионирање на вработените во јавните установи.

Без дискусии беше усвоен и финансискиот извештај за работата на ЈПКД „Турија“, Василево за периодот 01.01.2024 до 31.03.2024 година, споредено со 01.01.2023 до 31.03.2023 г.

Останатите седум точки беа барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица. За сите нив советниците ги усогласија своите ставови и добија позитивен одговор.

Како последна, единаесетта точка од дневниот ред беа советнички прашања упатени до градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. Главно се однесуваа на тековни активности и проблеми и изнаоѓање на начини и ресурси  за нивно решавање. Решавањето на проблемот со фекалната канализација во дел од Градшорци, имплементацијата на законските определби во делот на двојазичноста во општината, исплатата на надоместокот  н а советниците беа дел од прашањата кои беа дискутирани во склоп на Советничките прашања.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail