Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 45-та седница, на чиј дневен ред, по дополнувањето имаше вкупно шест предлози и сите беа усвоени.
Од Центарот за јавно здравје Струмица, на разгледување и усвојување до Советот на општина Василево беа доставени Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево и Предлог-акционен план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во општина Василево. И двата предлози беа усвоени едногласно. Останатите четири точки беа барања за финансиска помош од правни и физички лица. За сите беа донесени одлуки со кои на барателите им се одобрува одредена сума на парични средства.