Градоначалникот на општина Василево, денес, по повод празникот Свети Трифун, познат како ден на лозарите, присуствуваше на закројување на лозје на лозовите насади на АД „Струмичко поле“, Василево. Информацијата од настанот ја сподели на својот на ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24
„По повод Христијанскиот празник Св. Трифун тадиционално денес присуствував на закројување лозје на површините на АД „Струмичко Поле“ Василево. Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести. Нека биде плодна годината, со богат род, убаво грозје и преубаво Македонско вино. За многу години денот“, напиша градоначалникот Андонов.





