Во Владиевци, вчера, старуваше партерното уредување на дворот на новата црква, со што центарот на Владиевци со постоечкото детско игралиште и спортското кое исто така ќе се реконструира ќе добие сосема нов, урбан лик.
Споделувајќи фотографии од стартот на активностите преклу својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево ја најави реализацијата на сите планирани проекти во ова населено место чија вредност изнесува околу 16 000 000 денари.
„Во Владиевци следува изградба на проекти во вредност од околу 16.000.000 денари. Започна партерното уредување, на дворот во новата црквата во Владиевци. Во текот на неделата ќе ги започнеме и дел од другите проекти предвидени за оваа населено место. Граѓаните на Владиевци ќе бидат сведоци на нови проекти со кои ќе се подобри животот во оваа населено место. Ветеното за Владиевци го реализираме“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Според техничката документација за уредување на просторот околу црквата, по подготвителните работи ќе следува уредување и оплеменување на просторот со бекатон плочки, изградба на пристапни патеки и зелен дел со трева. Уредувањето опфаќа и поставување на клупи и канти за отпадоци, оградување на целиот простор и поставување на две порти, предна и задна со што граѓаните ќе добијат комплетно нов уреден простор.
Согласно Договорот со изведувачот, планираниот буџет за сите овие активности изнесува 1 800 000 денари, средства обезбедени од општинската каса.





