Со Ребаланс советниците го зголемија Буџетот на општина Василево за 2025 година

Советот на општина Василево денес ја одржа 48-та седница на чиј дневен ред како дополнителна точка беше Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2025 година, која практично значеше зголемување на Буџетот на општината за околу 27 000 000 денари. Како што стои во образложението дадено од одделението за финансии овие промени се поради зголемените средства кои општината ги добива по основ на ДДВ, а во делот на донациите како резултат на потпишувањето на договорот со UNDP за набавка на камион за собирање на смет и договорот за прекугранична соработка за реконструкција на домот на културата во с. Градашорци. Кај Буџетските корисници,  училиштата и градинките,  направена е само пренамена на средствата кои остануваат во истиот обем. За оваа точка гласаа сите советници, како што впрочем беше и за останатите точки  од дневниот ред.
Од делот на финансиското работење на општината, без дискусии и забелешки усвоени беа и кварталните извештаи за првото тромесечие односно Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2025 година за периодот 01.01.2025 до 31.03.2025 година (К1) Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2025 до 31.03. 2025 година (К2) и  Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 (К3). И овие точки на дневен ред беа ставени како дополнителни предлози.
Во делот на комуналната сфера, градењето и урбанистичкото планирање на дневен ред беа   Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2025 година; Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2025 година и Предлог-одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП бр.24-1 КО Градашорци -вон град од УПВНМ Градашорци, општинан Василево. Сите овие предлози беа едногласно исто како и Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2025 година чиј буџет за 2025 година изнесува 9 600 000 денари кои се планирани за изградба на по еден крак од фекална канализација во Василево и Ангелци и изградба на атмосферска канализација во с. Ангелци.
Едногласно беше дадена согласност и за Предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево во реализација на проектот Набавка на опрема за реконструкција на филтер станица с. Добрашинци, проект за кој општината ќе обезбеди средства од програмите за 2025 година на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Советниците ги усвоија и завршните сметки на двете основни општински училишта, „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, како и Извештајот  за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2024 година.
Советниците беа со усогласени ставови и при донесувањето на Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување на општина Василево за 2025 година и Одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Радовиш, која конкретно се однесува на инспекторирањето во делот на животната средина.
Составен дел на оваа седница беа и неколку барања за финансиска помош и поддршка од физички и правни лица, за кои советниците предложија и усвоија одредени износи финансиски средства.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail