Средба на градоначалникот Андонов со кик боксерот Крсте Трајковски

Крсте Трајковски од кик бокс клубот Тим Зоран беше гостин во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. Повод за средбата е второто место на неодамна одржаниот  Европски куп во кик бокс во Сараево, Босна и Херцеговина каде Крсте Трајковски го освои второто место.  На ФБ профилот, https://www.facebook.com/vasilevo24,  градоначалникот Андонов сподели фотографии и детали од средбата:
„Горд сум, што зачестија успесите на наши млади спортисти. Денес првата средба ми беше со Krste Trajkovski, наш сограѓанин од Добрашинци, кик боксер кој освои второ место на Европскиот куп во кикбокс, што се одржа во Босна и Херцеговина. Со Крсте си ветивме нова средба, со нов медал и нова победа. Поддршка ќе има и во иднина. Како градоначалник и општина секогаш ќе бидеме на страната на спортот. Спортистите се нашите најдобри промотори“, стои во ФБ објавата која воедно е одраз на политиката на општина Василево во делот на спортот и ветување за континуитет во поддршката што општината им ја дава на спортот и спортистите.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail