Средба на градоначалникот Андонов со претседателот на општинскиот фудбалски сојуз – Струмица

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  беше домаќин на претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев.
На средбата е разговарано за моменталната состојба во спортот и фудбалот, со акцент на најновите активности на ФК „Единство“ од Пиперево, кој  се натпреварува во Општинската фудбалска лига – Струмица.
„Остварив плодна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, г. Илија Илиев, претставник на Фудбалската федерација на Македонија.
Општина Василево ќе продолжи да обезбедува финансиски средства за ФК „Единство“ од Пиперево, како и за новите инвестиции што ги планираме на фудбалските терени во Василево и Пиперево. Моја цел е и фудбалскиот клуб од Василево идната година, да почне да се натпреварува во општинската лига“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов, по средбата со Илиев.
Андонов порачува дека спортот и младите остануваат еден од врвните приоритети во развојот на општина Василево.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail