Денес, претставници од ЛАГ Беласица -Огражден и Програмата на USAID North Macedonia за развој на заедницата остварија средба со градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на која градоначалникот беше запознаен со можностите што ги нуди Програмата.
Разговарано е за можностите за соработка во рамки на Програмата за развој на заедницата, можностите што ги нуди за вклученост на сите локални чинители и очекуваните резултати во форма на подобар живот за населението и поголем развој на регионот.
Општина Василево е една од општините во кои ќе биде имплементирана Програмата за развој на заедницата, а со тоа и искористени можностите кои таа ги нуди за унапредување на рамномерен економски развој во регионот.





