Средба на Градоначалникот со жителите на с.Нова Маала

Градоначалникот на општина Василево, синоќа оствари средба со жителите на населеното место Нова Маала, каде се презентирани проектите планирани за реализација во ова населено место во наредниот период.
„Секогаш меѓу граѓаните, тие се наш партнер со кој заедно ја креираме иднината на општина Василево. Пред граѓаните на Нова Маала ги презентиравме проектите што ќе ги реализираме во наредниот период: Ќе се афалтира патот до селските гробишта;  Во Нова Маала ќе се асфалтираат уште најмалку три улици. Со граѓаните ги утврдивме приоритетите за идната година“, напиша градоначалникот Андонов на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, по одржаната средба во Нова Маала, каде исто така потсети и на досега реализираното во ова населено место: „Со домаќинско работење реализиравме голем број на проекти. Во Нова Маала се асфалтира патот од Добрашинци до Нова Маала . Во Нова Маала се асфалтираа уште три улици. Партерно се уреди центарот во Нова Маала“.
На средбата со жителите во Нова Маала присуствуваа и дел од соработниците на градоначалникот како и претседателот на општинскиот совет, Ристо Делијанов.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail