Градоначалникот на општина Василево Марјав Јанев, во рамки на планираните средби со граѓаните низ населените места а по повод планирањето на Програмите и Буџетот за наредната 2020 година, ги посети населените места Градашорци и Ангелци. Според информацијата од градоначалникот Јанев, граѓаните ги идентификувале проектите кои би биле приоретни во наредната година, а со чие реализирање ќе се подобри квалитетот на нивното секојдневно живеење.
На средбите присуствуваа и директорот на ЈПКД „Турија“, Василево Зоранчо Георгиев, пратеникот Сашко Атанасов, директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Стојан Тимов и членот на општинскиот Совет, Атанас Ристов.





