Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов одржа работна средба со граѓаните на населеното место Владевци на која е разговарано за секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на ова населено место.
Градоначалникот Андонов е дециден дека мора да се најдат начини и можности за решавање на проблемите наталожени со текот на годините. Смета дека секојдневните контакти со месното население и почестите средби во населените места на кои ќе присуствуваат граѓанието се еден од начините за навремено детектирање на проблемите и благовремено изнаоѓање на соодветни решенија.
„Мораме да бидеме присутни меѓу граѓаните. Одржавме состанок со жителите на Владевци. Ги слушнавме нивните секојдневни проблеми. Мора да се најде начин и можност како би се решиле овие наталожени проблеми. Се договоривме да има секојдневни контакти и почести вакви состаноци“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина ВАсилево Славе Андонов по средбата со граѓаните на населеното место Владевци.





