Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, во населеното место Ангелци, оствари средба со пензионерите. Според информацијата од градоначалникот на средбата е разговарано за потребите и приоритетите за периодот кој следува, како и за придобивките што општината ги има од Министерството за труд и социјална политика особено подрачната канцеларија во Василево. На средбата е најавена и изградбата на новата детска градинка во Ангелци, за која општината, преку Владата на РСМакедонија, односно Министерството за труд и социјална политика, има обезбедено средства и тоа во висина од околу 15 000 000 денари, со кои градинката ќе биде целосно изградена и опремена со неопходниот инвентар.
На средбата присуствуваше и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска.





