Вечерва, со почеток во 19,00 часот, под покровителство на општина Василево, ќе започне Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2018/2019 година.
За награден фонд од вкупно 200 000 денари ќе се натпреваруваат 20 екипи од Струмичко-Радовишкиот регион.
Синоќа во присуство на претставници на пријавените екипи беше извршено ждребање и утврден составот на петте натпреварувачки групи, кои во меѓусебни натпревари во наредните дваесетина денови ќе го дадат победникот на годинешниот Новогодишно-Божиќен турнир.
Честа првиот натпревар да го одиграат и официјално да го стартуваат турнирот, согласно ждребувањето им припадна на екипите на Елефант кафе и Кадир од Струмица.
По нив, со почеток во 20 00 часот силите ќе ги измерат екипите на Пакос и Чифлик а веднаш по нив ќе стартува натпреварот меѓу екипите на ЕлПи Турново и Едрениково
Натпреварите ќе се играат секоја вечер со почеток во 19,00 часот.
Финалето е планирано за 10.01.2019 година.





