Во вторник, 10.06.2025 година, со почеток во 20,00 часот, во Домот на културата во с. Василево, стенд-ап комичарот ќе ги забавува жителите на општина Василево, за кои влезот ќе биде бесплатен. Настанот е поддржан од општина Василево
„Домот на културата во Василево, ќе се претвори во арена за смеа и забава, водена од комичарот Бојан Велевски. Овој настан, поддржан од Општина Василево, е дел од големата стенд-ап турнеја на Бојан Велевски, која се одржува низ цела Македонија“, информира преку својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој упатува отворена покана до сите свои сограѓани.
„Почитувани сограѓани, Ве повикувам на заедничко смеење и споделување среќа со Бојан Велевски на Стенд-ап вечер за комедија и смеа, во вторник на 10.06.2025 со почеток од 20:00 часот во Дом на култура во Василево. Влезот е бесплатен“, стои во поканата упатена од градоначалникот Андонов.





