Сушево доби уредено катче во центарот на населеното место

„Уште едно ветување стана реалност! Општина Василево се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24,  по неговата денешна посета на населеното место  Сушево во чиј центар општина Василево изгради ново урбано катче за жителите.

Како што информира градоначалникот Андонов, со овој проект кој е всушност и барање на жителите од Сушево, центарот на населеното место добива нови содржини односно  поплочување со бекатон плочки и бетонски ивичњаци, поставување на урбана опрема, ново осветлување,  клупи и корпи за отпадоци, поставување на фонтана, хортикултурно уредување со високо и ниско зеленило како и со сезонско цвеќе со што  запуштениот и руиниран центар во Сушево станува  минато  а граѓаните на Сушево добија соодветен простор за одмор и дружење.

Вкупната инвестиција изнесува 395 300 денари, средства обезбедени од општинската каса.

1_1024x768

2_576x768

3_1024x768

5_1024x768

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail