Во недела на 25 октомври 2015 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица, по повод одбележувањето на 71-та годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица.
Поаѓањето е во 08 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Превозот е организиран со автобусите на Струмица Експрес и истиот е бесплатен.
Општина Василево ги поканува сите заинтересирани граѓани да се придружат на маршот.





