Тампонирана главната улица во населеното место Чанаклија

Денес, во населеното место Чанаклија, општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ од Василево изврши целосна санација на главната улица. Како што информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, поставен е тампонски слој од песок и чакал, и истиот е тампониран.
„Главната улица во Чанаклија е тамонирана и порамнета. Оваа улица беше во лоша состојба, по барање на граѓаните денес ја саниравме“. Градоначалникот Андонов најави и асфалтирање на две улици во ова населено место. „ Во наредниот период во Чанаклија ќе се асфалтираат две улици. Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail