Денес, општина Василево тампонираше улица во т.н Чифлик маало во населеното место Градашорци. Увид во сработенато изврши градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој заедно со дел од жителите кои секојдневнои ја користат оваа улица изрази задоволство од постигнатите резултати. „Со денешната активност на насипувањето и тампонирањето целосно е подобрена состојбата на оваа улица, влошена посебно по последните врнежи, за што граѓаните со право реагираа. Општина Василево како и секогаш, во рамки на своите можности, интервенираше и на задоволство на сите граѓани кои секојдневно ја користат оваа улица,, истата ја тампонираше“, изјави градоначалникот Андонов.
Улицата која се тампонираше е во должина од околу 100 метри, за што се потрошени околу 100м3 чакал.
Активноста е спроведена во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.





