Општина Василево деновиве врши порамнување, посипување и тампонирање на улици низ населените места на општината.
„Активностите се изведуваат со единствена цел за подобрување на секојдневното живеење на граѓаните и се директен одговор на нивните барања и потреби“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов во врска со оваа тековна активност во општина Василево која на терен ја реализира градежната компанија Пешо инженеринг која на неодамна завршениот јавен повик достави најповолна понуда.
Денес, механизацијата е ангажирана во населеното место Василево, а во текот на претхподната седмица беа порамнети и тампонирамни две улици во населеното место Пиперево.
Според информацијата од градоначалникот Андонов, во Василево ќе бидат тампонирани вкупно три улици, по што ќе се работи и на улица во населеното место Ангелци, додека вкупниот обем на активности зависи од потребите на граѓаните и планираните расположивио средства кои општина Василево, согласно јавната набавка ги има планирано за таа намена, а тие изнесуваат 600 000 денари.