Турското маало во Василево се поднови со бекатонска улица

„Продолжуваме со реализација на инфраструктурните проекти. Се изгради улица во турското маало позади поштата во Василево со бекатон плочки.  Во населеното место Василево ќе се асфалтираат сите улици кои никогаш претходно немале асфалт. Наталожените проблеми ги решаваме сигурно и плански“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по вчерашната посета на турското маало во Василево каде заврши изградбата на една од планираните улици.
Оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2024 година.
Согласно Тендерската документација и Договорот со изведувачот по е-аукцијата,  улицата е со должина  од 110 метри, и поплочена е по целата ширина која изнесува 386 м2 . Планираните средства за реализација во висина од 588 012 денари се обезбедени од општинската каса.
За наредниот период градоначалникот Андонов најави асфалтирање и на останатите улици во с. Василево кои досега не биле асфалтирани.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail