Околу 130 првачиња од сите населени места на општина Василево денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Во ООУ„Гоце Делчев“ Василево заедно со подрачните училишта запишани се 82 првачиња а во ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала исто така со подрачните запишани се вкупно 47 првачиња. Но според информации од училиштата оваа бројка не е конечна бидејќи според искуството што го имаат од претходните години за очекување е во текот на овој месец да се запишат уште одреден број на дечиња.
И во двете основни општински училишта првачињата беа дочекани со приредби подготвени од нивните повозрасни другарчиња кои низ песна им посакаа добредојде во училишните клупи. Добредојде на првачињата им посакаа и нивните директорки, г-ѓа Емилија Котева од ООУ „Гоце Делчев“, Василево и г-ѓа Соња Ничева од ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Многу успех во училиштето, среќни и безгрижни училишни денови но и поддршка во нивните проекти им вети градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, кој за среќен и успечен почеток, првачињата ги израдува и со подароци.





