Училишното игралиште во с. Василево ќе се реконструира

„Василево ќе добие модерно игралиште за мал фудбал во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ Василево!  Ќе биде поставена нова квалитетна асфалтна подлога со акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта. Целосно ќе се реконструира постоечката ограда, со оградување од сите четири страни, заштитна ограда висока 4 метри. Ќе биде поставено ново лед осветлување. Василево ќе добие ново квалитетно место за рекреирање, исто така оваа година во летниот период ќе биде организиран еден од најдобрите турнири во мал фудбал во регионот  Го менуваме ликот на Општина Василево“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со престојната реконструкција на училишното игралиште во с. Василево.

Според Договорот потпишан со компанијата „Евроградба Инженеринг“, која на јавно објавениот тендер имаше доставено најповолна понуда, вкупниот Буџет за реализација на овој проект изнесува 4 919 005 денари. Реконструкцијата ќе биде целосна и по целосното  остранување на постојниот асфалт, ограда,  елементи и спортски реквизити,    на површина од 1000 м2  ќе биде поставена нова асфалтна подлога според сите технички  прописи за такви видови на подлоги. Игралиштето ќе биде оградено и опремено со стативи со мрежа, табли за кошарка, како и елементи во функција  на објектот како корпи за отпадоци и клупи за седење.

Средствата за овој проект се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Igraliste 1 Igraliste Vasilevo

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail