Денес, во двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ Нова Маала и „Гоце Делчев“, Василево, првачињата и официјално станаа членови во Светската детска органазиција. Пред наставниците и директорките на училиштата ветија дека ќе учат, ќе ги почитуваат наставниците и дека ќе се дружат, а наставниците се обврзаа да ги воспитуваат и образувазуваат. Честитајќи им го приемот во Светската детска организација градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов им вети, како и досега, поддршка во сите нивни училишни активности.
Денешното одбележување беше во форма на креативни работилници во кои учествуваа сите основци.
„Оваа година неделата на детето ја одбележуваме на малку поразличен начин од претходните години, со поинакви содржини, со работилници посветени на детето, со пораки посветени на детето, бидејќи и самото мото на неделата е „Децата прашуваат“, изјави директорката на ООУ „Гоце Делчев“ Емилија Котева“.
Во денешното одбележувањето на детската недела се вклучија и дечињата од детската градинка „Прва радост“ од Василево кои денес се придружија на работилницата организирана од ООУ „Гоце Делчев“ од Василево.
Во рамки на денешното одбележување, првачињата ја посетија општината а од нивниот домаќин, градоначалникот, добија одговори за се што ги интересираше и се разбира пригодни подароци.





