Десетина работница, од повеќе профили, деновиве интензивно работат на изградбата на паркот на влезот во с. Василево, кој како што неодамна најави градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, ќе биде готов до верскиот празник Голема Богородица – ден што го празнуваат жителите на с. Василево.
Паркот, како уредена површина со бехатонски патеки, клупи и канти за отпадоци, со газебо од ковано железо, ротирачки елемент со ознаките на општина Василево и Република Македонија, оплеменет со дрвца и тревната површина, ќе го смени изгледот на влезот во село Василево, кое воедно е и општински центар.
Средствата за изградба на паркот изнесуваат околу 1 800 000 денари, од кои 80% се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а останатите 29% со општинскиот Буџет.
Вкупната површина на паркот е 1 400 м2 .





