Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов направи увид во тековните активности на изградбата на детскиот забавен парк во населеното место Владевци.
Паркот е поставен на влезот од старо Владевци, веднаш до кошаркарското игралиште. Детските реквизите се поставени, а тековно ангажираните работници ги изведуваат финалните активности на подлогата.
„Ова беше едно од моите предизборни ветувања, и задоволен сум што уште пред истекот на половината од мојот мандат успеав да го реализирам. Задоволството ќе биде поголемо кога ќе го исполнат дечињата од ова населено место заедно со нивните родители и овде ќе поминуваат убави моменти“, изјави градоначалникот Андонов.
Овој детски парк е донација од кинескиот амбасадор Н.Е Zhang Zuo, кој при неговата посета на општина Василево во октомври минатата година, https://opstinavasilevo.gov.mk/?p=12221, вети донација на проект од помал обем за општина Василево. Вредноста на донацијата изнесува околу 160 000 денари,
Општина Василево и градоначалникот Андонов изразуваат благодарност до донаторот, кинескиот амбасадор Н.Е Zhang Zuo.





