„ФК Македонија“ се победници на синоќа завршениот меморијален турнир во мал фудбал, Ч`крче во Пиперево, кој под покровителство на општина Василево се одржа во периодот од 13 до 25 јули.
Второт место и припадна на екипата „ММ Алу Метал стил“, за третото место се изборија фудбалерите од „Агро Фреш 1“, а четврто пласирани беа „Вики маркет“.
За победниците беа обезбедени награди и тоа 30 000 денари за првопласираните, 15 000 денари за вторите, 10 000 денари за третите и 5 000 денари за екипата која го освои четврттото место. На турнирот беа прогласени и најдобар играч – Блаже Глигоров од „Вики маркет“ , најдобар стрелец – лазе Наков од ФК Македонија и најдобар голман- Костадин Ќосев од „ММ Алу Метал стил“.
Силите ги одмерија и пет екипи во кадетска конкуренција. Најдобри беа „ММ Алу Метал стил“, второ пласирани – ФК Единство и трето пласирани екипата на Бока текст.
Турнирот во мал фудбал Ч`крче, е традиционален и се одржува во чест и спомен на младиот Славе Стојанов. Покровител на истиот е општина Василево.





