Паркот „Методи Митев“ во Василево, кој се наоѓа пред Домот на културата, деновиве, од страна на општина Василево беше хортикултурно уреден. Поставен е нов летниковец, нова чешма, обновени се клупите а зелениот дел е збогатен со нови садници и зимзелена ограда.
„Динамичниот начин на живот секојдневно ни наметнува потреба за создавање нови содржини за одмор и рекреација. Меморијалниот парк ,,Методи Митев” го претворивме во ново урбано катче со реквизити за деца. Поставени се следните содржини: летниковец; Обновени се сите клупи кои беа во руинирана состојба; детски реквизити; нова чешма; нови дрвца и зелена ограда. Продолжуваме и понатаму да создаваме поубаво и модерно Василево“, напиша по тој повод градоначалникот Славе Андонов.на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,





