По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов до своите сограѓани ја упати следнава честитка
Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од име на локалната самоуправа Василево Ви го честитам 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Успесите и резултатите постигнати во изминатиот период нека ни бидат двигател и мотив повеќе кој ќе не инспирира и води кон нови успеси и победи. Со леснотија да ги совладуваме поставените задачи и предизвиците кои ќе значат подобро и посигурно утре за сите нас.
Почитувани сограѓани, во оваа прилика, на сите Вас Ви посакувам успех на сите полиња.
Успехот на поединецот е успех на заедницата.
Нека ни е честит и вечен празникот.
Нека ни е вечна Македонија
Со почит,
општина Василево
градоначалник,
Ванчо Стојанов





