„Во мое име, и во име на локалната самоуправа на Василево, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитам Рамазан Бајрам. Ви посакувам добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање“, стои во честитката која преку социјалните медиуми но и лично по утринската молитва, им ја упати градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов на верниците од муслиманска вероисповед.
„Рано утрово во џамијата во Василево, веднаш по утринската молитва со која верниците од муслиманската веросиповед го започнаа тридневното одбележување, ги потсетив на моите постулати на милост, солидарност, добра мисла, почит кон различниот, нешта кои одамна се негуваат на овие наши простори. Таа добра мисла ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина и како ,,мостови на соживот“ треба да им се пренесуваат на помладите генерации, стои во ФБ објавата https://www.facebook.com/vasilevo24 на градоначалникот Андонов.





