Членовите на хорот и оркестарот при ООУ „Гоце Делчев“, Василево на прием кај градоначалникот Андонов

Вчера,  Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во својот кабинет имаше средба со членовите на хорот и оркестарот при ООУ„Гоце Делчев“, Василево, кои на неодамна одржаниот државен натпревар успешно се претставија и се вратија со награди. Оркестарот освои прва а хорот втора награда. „ Општина Василево имала и сѐ уште има талентирани ученици кои бележат успеси во различни области!  Таква е приказната со членовите на хорот и оркестарот при ООУ „Гоце Делчев“ – Василево кои денес беа гости во мојот кабинет.  Најпрво им го честитав големиот успех остварен на државниот натпревар – I награда за оркестарот и II награда за хорот“, стои во ФБ статусот на градоначалникот Андонов,  https://www.facebook.com/vasilevo24.
На средбата во кабинетот присуствуваа и одговорните наставници за хорот и оркестарот со кои е разговарано околу можностите но и потребите за идниот развој на овие млади талентирани ученици, кои од страна на општина Василево ќе бидат и финансиски наградени. „Општина Василево ќе им додели финансиски средства на учениците кои се дел од хорот и оркестарот. Дискутиравме за идниот развој на оркестарот и хорот при ООУ “Гоце Делчев” Василево. Општина Василево посебно внимание им посветува на младите таленти, кои се перспективата на Република Македонија.  Со учениците разговаравме и околу потребите што ги имаат младите и поддршката во искористувањето на можностите за личен развој“, нагласи градоначалникот Андонов.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail